Според поранешниот шеф на ЦИА Дејвид Петреус
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината црноморска флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во таа земја, предупреди поранешниот директор на ЦИА, пензиониран армиски генерал Дејвид Петреус.
Петреус изјави за „Еј-би-си њуз“ дека не разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за веројатниот одговор на САД на нуклеарната ескалација од Русија, што претставниците на американската администрација велат дека постојано и биле доставувани на Москва.
– Хипотетички, би реагирале со колективен одговор на НАТО, кој би ги уништил сите руски конвенционални сили кои можеме да ги видиме и идентификуваме на бојното поле во Украина и Крим, како и секој брод во Црното Море – рече Петреус.
Тој исто така тврди дека Путин „губи“, и покрај „значајните“, но „очајни“ потези во војната што започна на 24 февруари. Тој исто така вели дека Украина и претседателот Владимир Зеленски и Украина ги мобилизирале силите подобро од Русите.
– Ниту една анексија, дури ни нуклеарните закани не можат да го извлечат Путин од оваа ситуација – заклучува Петреус.