Кина започнува нова енергетска ера
Кина влезе во нова енергетска ера со пуштањето на првиот комерцијален мал модуларен нуклеарен реактор Линглонг-1, наречен и „нуклеарна банка“. Сместен во провинцијата Хаинан, овој реактор од новата генерација веќе е во последната фаза на инсталација – и ветува револуција.
Звучи како научна фантастика, но Линглонг-1 навистина може да напојува дури еден милион луѓе годишно. Со капацитет од 125.000 киловати, тој е доволен за 526.000 домаќинства, и што е уште поважно – ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за неверојатни 880.000 тони годишно, што е еколошки еквивалент на засадување 7,5 милиони дрвја!
Реакторот е комплетно развиен во Кина, со целосни права на интелектуална сопственост, и важи за првиот мал модуларен реактор во светот што го поминал строгиот безбедносен тест на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Линглонг -1 е дел од 14-от петгодишен план на Кина и симбол на амбицијата за чиста енергија. Благодарение на својот пасивен безбедносен систем, овој реактор може автоматски да се исклучи без човечка интервенција – нешто што ги прави малите модуларни реактори поатрактивни и побезбедни од класичните.
Со вакви проекти, Кина не само што го менува сопствениот енергетски пејзаж туку поставува и нов глобален стандард за одржлива енергија.