Новиот состав на Европската комисија под претседателство на Урсула фон дер Лајен денеска положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ во Луксембург. Тоа е последниот чекор во назначувањето на еврокомесарите, откако тие беа предложени од нивните влади минатата година, одобрени од Фон дер Лајен, потврдени од Советот на ЕУ и поддржани од Европскиот парламент.
Секој од европските комесари денеска положи заклетва на својот мајчин јазик.
Урсула фон дер Лајен (Германија, Европска народна партија) – претседателка;
Тереза Рибера (Шпанија/социјалисти и демократи) – Еврокомесар за конкуренција, потпретседател на ЕК за фер енергетска транзиција;
Хена Виркунен (Финска/Европска народна партија) – Еврокомесар за дигитални и нови технологии, потпретседател на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија на ЕУ;
Стефан Сежурне (Франција/Обнови ја Европа) – Еврокомесар за внатрешен пазар, потпретседател на ЕК за производствена стратегија;
Каја Калас (Естонија/Обнови ја Европа) – висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, потпретседател на ЕК;
Роксана Манзату (Романија/социјалисти и демократи) – Еврокомесар за луѓе, образование, култура, вештини и социјални права, потпретседател на ЕК;
Рафаеле Фито (Италија/европски конзервативци и реформисти) – Еврокомесар за кохезија и регионален развој, потпретседател на ЕК;
Марос Шефчович (Словачка/Социјалисти и демократи) – Еврокомесар за трговија и економска безбедност;
Валдис Домбровскис (Латвија/Европска народна партија) – Еврокомесар за економија и продуктивност;
Дубравка Суица (Хрватска/Европска народна партија) – Еврокомесар за Медитерански прашања;
Оливер Вархеј (Унгарија/Патриоти за Европа) – Европски комесар за здравје и благосостојба на животните;
Вопке Хукстра (Холандија/Европска народна партија) – Европски комесар за клима, раст и нулта емисија;
Ендрус Кубилиус (Литванија/Европска народна партија) – Еврокомесар за одбрана;
Марта Кос (Словенија/Обнови ја Европа) – Еврокомесар за проширување на ЕУ;
Јозеф Сикела (Чешка/Европска народна партија) – Еврокомесар за меѓународна соработка;
Костас Кадиз (Кипар/непартиски) – Европски комесар за рибарство и океани;
Марија Луис Албукерке (Португалија/Европска народна партија) – Еврокомесар за финансиски услуги и инвестициска унија;
Хаџа Лабиб (Белгија/Обнови ја Европа) – Еврокомесар за управување со кризи;
Магнус Брунер (Австрија/Европска народна партија) – Еврокомесар за внатрешни работи и миграција;
Јесика Росвал (Шведска/Европска народна партија) – Еврокомесар за животна средина, вода и конкурентна циркуларна економија;
Пјотр Серафин (Полска/Европска народна партија) – Еврокомесар за буџет, борба против измама и јавна администрација;
Дан Јоргенсен (Данска/социјалисти и демократи) – Еврокомесар за енергетика и домување;
Екатерина Захариева (Бугарија/Европска народна партија) – Еврокомесар за стартапи, истражување и иновации;
Мајкл Мекграт (Ирска/Обнови ја Европа) – Еврокомесар за демократија, правда и владеење на правото;
Апостолос Џиџикостас (Грција/Европска народна партија) – Еврокомесар за транспорт и туризам;
Кристоф Хансен (Луксембург/Европска народна партија) – Европски комесар за земјоделство и храна;
Глен Микалеф (Малта/социјалисти и демократи) – Еврокомесар за млади, култура и спорт.