Земјотрес со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала го тресеше тлото на Турција. Според првичните информации, епицентар бил во областа Дефне, во Хатај, во јужниот дел на земјата.
Оналјн сервисите покажуваат дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри. За ваков потрес имаше и предупредување во изминатите денови од светските сеизмолози.
Турската сеизмолошка служба соопшти дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последователен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг, во Хатај.
Новинарката на Си-Ен-Ен Турк, Бусе Девирен со солзи го опиша земјотресот.
– Земјата ни се лизгаше од под нозете. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно голем земјотрес. Не беше како последователни потреси – рече таа.
ЕМСЦ известува дека земјотресот бил почувствуван во Турција, Либан, Сирија, Кипар и Израел.
Tweeted the wrong video on the quoted tweet,
here:Panic in Hatay airport#Turkey 🇹🇷 #Deprem https://t.co/NgWV2uDbPR pic.twitter.com/cGWuKThqBH
— Aleph א (@no_itsmyturn) February 20, 2023
Не се знае дали и овој земјотрес има предизвикано големи штети.
Hatay#Turkey 🇹🇷 #Deprem pic.twitter.com/OVxzaRSnnp
— Aleph א (@no_itsmyturn) February 20, 2023
Досега, по разорниот земјотрес, имаше шест потерси над шест степени според Рихтеровата скала.