Eksplozija, Ambasada SAD Oslo
Фото: ЕПА

Властите во Норвешка интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред Амбасадата на САД во главниот град Осло, објави новинската агенција ДПА.

Министерката за правда Астри Ас-Хансен изјави дека станува збор за сериозен и неприфатлив инцидент.

 – Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно – рече Ас-Хансен.

Според првичните информации од истрагата, експлозијата се случила во близина на еден од влезовите на амбасадата. Во инцидентот нема повредени лица.

Од полицијата соопштија дека на местото на настанот веднаш интервенирале бројни екипи на итните служби.

На прес-конференција одржана попладнево, надлежните потврдија дека засега нема осомничени лица, но нагласија дека истрагата е во тек и дека властите ги користат сите расположливи ресурси за расветлување на случајот.