Trump Kongres
Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја промени својата одлука да ја прекине воената помош за Киев по изјавата на Владимир Зеленски за неговата подготвеност за преговори за Украина.

За време на неговиот говор пред двата дома на Конгресот, Трамп изјави дека добил писмо од Зеленски во кое ја изразува неговата подготвеност да преговара за мирно решавање на украинскиот конфликт.

Зеленски изјави дека е подготвен да потпише договор со САД за експлоатација на украинските руди во секое време.

– Во писмото се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да не приближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците. Зеленски, исто така, напиша дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под силно водство на претседателот Трамп за да постигнат траен мир. Тој, исто така, ја пренесе својата благодарност за американската помош за Украина во зачувувањето на нејзиниот суверенитет и независност – рече Трамп.

Во Вашингтон подготвеноста на Киев за преговори ја поврзаа со можноста за продолжување на испораката на оружје.