Спасувачките екипи ги пребараа урнатините во текот на ноќта во Њу Орлеанс, откако торнадо го погоди градот, при што загина најмалку едно лице, уништени се куќи и далноводи. Силното торнадо уништи згради и преврте голем број возила во областа Араби.
Шерифот на округот Џејмс Полман изјави дека неколку луѓе се повредени, а едно лице го загубило животот.
– Штом малку ќе ја расчистиме областа, ќе испратиме повеќе луѓе да ја пребаруваат – им рече Полман на новинарите, додавајќи дека противпожарните екипи спасиле неколку блокирани луѓе.
„Вашингтон пост“ објави дека жртва на торнадото е 26-годишно момче кое спасувачите го пронашле пред куќата.
Поголемиот дел од јужна Луизијана сè уште се справува со последиците од ураганот „Ајда“, бура од четврта категорија што минатиот август ги уништи руралните заедници дури до јужниот дел на Њу Орлеанс, при што загинаа над 100 луѓе во неколку американски сојузни држави и на Карибите.
Градот сè уште има последици од ураганот Катрина во 2005 година, една од најсилните бури во американската историја, во која загинаа најмалку 1.800 луѓе.