Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.
Безбедноста во Шведска и Финска нема да биде зајакната по влезот во НАТО, ја пренесува весникот „Известија“ изјавата на Рјабков.
Тој додава дека од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја обезбеди безбедноста во случај двете земји да влезат во алијансата.
Според Рјабков, влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на светската ситуација и дека никој не треба да има илузии дека Русија едноставно ќе го прифати тоа, пренесува РИА Новости.