Фото: Бенјамин Нетанјаху/Фејсбук

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе продолжат нападите врз проиранското исламистичко движење Хезболах „секаде каде е неопходно“.

– Нашата порака е јасна: секој кој напаѓа израелски цивили ќе биде нападнат. Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах секаде каде е неопходно додека целосно не воспоставиме безбедност за жителите на северниот дел на Израел – објави Нетанјаху на платформата Икс.

Израелската армија и денеска напаѓа цели во Либан. Во вчерашните напади, според либанското Министерство за здравство, загинаа 203 луѓе, а повеќе од илјада беа повредени.