Фото: Фејсбук / Бенџамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посилен од кога било и оти претставува суперсила.

– Мирот се договара со тие кои се силни-  посочи Нетанјаху, при тоа ги наведе најновиот договор за природен гас со Египет, а ја пофали и израелската економија.

Неговата изјава уследи откако беше објавено дека Нетанјаху на крајот на месецот ќе отпатува во САД, каде ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп. Тие ќе разговараат за иднината на договорот за примирје во Појасот Газа, како и за потенцијална нормализација на односите со арапските држави.