Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сѐ уште е убеден во победата на Москва во војната против Украина.
– Нема сомнеж за тоа – рече тој во вторникот на средба со дипломирани студенти на Универзитетот за јавна администрација.
Рускиот лидер го нареди отпочнувањето на специјална воена операција во Украина во февруари 2022 година.
Во тоа време, тој ги наведе заштитата на етничките Руси во Украина и демилитаризацијата на соседната земја како воени цели.
– Покрај тоа, поради сопствена безбедност, Русија мораше да ја спречи Украина да влезе во НАТО – рече Путин.
По повеќе од 16 месеци војна, Русија сè уште окупира големи делови од Украина, но е далеку од постигнување на своите воени цели, според проценките на западните експерти.
– Руските окупатори во Украина страдаат од клучните слабости и покрај нивниот делумен успех, велат британските воени експерти во нивниот дневен разузнавачки извештај за војната во Украина – објавен вчера од Министерството за одбрана (МО) во Лондон.
Во соопштението се додава дека „руските трупи се развлечени и има недостиг од артилериска муниција“.
– Русите беа делумно успешни во успорувањето на украинската контраофанзива во нејзините почетоци. Ова главно се должи на масовната употреба на противтенковски мини. Забавувајќи го украинскиот напредок, Русија се обиде да нападне украински оклопни возила со беспилотни летала, хеликоптери и артилериј – се вели во извештајот на британското Министерство.
Британското Министерство за одбрана секојдневно известува за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.