Белорусија почна да добива тактичко нуклеарно оружје од Русија, изјави претседателoт Александар Лукашенко. Тој за Русија-1 изјави дека некои од нив се „три пати“ посилни од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Лукашенко вчера изјави дека нема да се двоуми да употреби оружје доколку неговата земја се соочи со агресија.
– Не дај Боже денеска да треба да донесам одлука за употребата на тоа оружје, но нема да има двоумење доколку се соочиме со агресија – рече Лукашенко.
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе го пренесе оружјето во магацините преку руската граница, но нагласи дека ќе ја задржи целосната контрола врз неговата употреба. Тактичкото нуклеарно оружје обично се разликува од нуклеарните боеви глави вградени во интерконтинентални балистички ракети. Наменет е да ги уништи непријателските трупи и оружје на бојното поле, а не да уништува цели градови.
Пред неколку дена Путин објави план за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија од почетокот на јули. Путин рече дека подготовките за клучните објекти ќе бидат завршени на 7 и 8 јули, а потоа ќе започне преместувањето.