Неколку луѓе загинаа, а шест се повредени откако автобус удри во автобуска постојка во центарот на главниот град на Шведска, Стокхолм.
Портпаролот на Шведската спасувачка служба изјави дека во инцидентот повредени се шест луѓе, но, тој не наведе бројка на загинати лица. Тој додаде дека во автобусот немало патници во времето на несреќата.
Во тек е истрага за убиство од небрежност. Возачот на автобусот е уапсен, но ова е вообичаена практика во вакви инциденти, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека властите немаат информации дали станува збор за напад.
Додека премиерот на шведска Улф Кристерсон на платформата Икс објави – „Сè уште не ја знаеме причината за инцидентот, но во овој момент моите мисли се првенствено со жртвите и нивните семејства“.



































