Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да го коментира потенцијалното ангажирање на поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, како посредничка меѓу Русија и Украина.
– Не можам да одговорам на прашањето дали госпоѓа Меркел може да игра таква улога во иднина. Таа ги напушти сите функции и слушнавме дека изјави оти нема да се враќа во политиката. Ќе видиме – изјави Песков на прес-конференција, јави Тасс.
Неговата оценка е дека стилот на преговори, избран од Киев, не ѝ донесе ништо добро на Украина.
– Ние сме запознати со овој стил на преговори што на Украина не ѝ донесе ништо добро – смета Песков, коментирајќи ја изјавата на украинската страна за подготвеноста во август да се врати на преговарачка маса.