Индискиот премиер Нарендра Моди му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека сега не е време за војна, „бидејќи светот е многу загрижен за безбедноста околу снабдувањето со храна, енергија и ѓубрива“.
– Знам дека сега не е време за војна и ви кажав за тоа по телефон – му рекол Моди на Путин на маргините на самитот на регионалниот безбедносен блок во Узбекистан, додавајќи дека демократијата, дипломатијата и дијалогот го држат светот заедно.
Путин рекол дека ја разбира загриженоста на Моди за војната во Украина.
– Го знам вашиот став за конфликтот во Украина и ги знам вашите причини за загриженост. Сакаме сето тоа да заврши што е можно поскоро – рекол Путин на средбата со Моди.
Моди и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, чии постојани членки, заедно со Индија, ги вклучуваат Кина, Русија, Пакистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.