Нема планови во моментот за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Според неа, „сега не е време за тоа“.
– Не планираме нивна средба или телефонски разговор. Претседателот Бајден беше многу јасен за тоа. Но, ние ги имаме разговори внатрешно и анализираме голем број фактори – изјави Псаки за „Си-ен-ен“.
На прашањето дали ќе би имало околности во кои Бајден би можел да седне на иста маса со Путин, доколку руските војници останат во Украина, Псаки рече дека не може да го процени тоа.
– Никогаш нема да ја повлечеме дипломатијата од масата, но сега не е време за тоа – порача Псаки.