Фото: Пиксабеј

НАТО потврди дека пресретна уште една ракета насочена кон Турција. Претходно, турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, пренесува МИА.

Во соопштението се наведува дека ракетата е уништена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран и дека делови од ракетата паднале во југоисточна Турција.

– НАТО повторно пресретна ракета што се упатуваше кон Турција. НАТО цврсто стои во својата подготвеност да ги брани сите сојузници од каква било закана – објави на Икс портпаролката на НАТО, Алисон Харт, без да наведе дали проектилот е  соборена во турскиот воздушен простор.