НАТО ги започна своите годишни воени вежби со нуклеарно оружје, потврди денеска за ДПА портпаролот на западната Алијанса.
До 60 авиони ќе бидат вклучени во вежбата која ќе трае до четврток следната недела. Тие вклучуваат модерни борбени авиони, но и авиони за надзор и танкер, како и бомбардери Б-52 со долг дострел.
Оваа година маневрите се одвиваат главно во воздушниот простор над Италија, Хрватска и Медитеранот. Учествуваат вкупно 13 членки на Алијансата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека руската војна против Украина е потсетник за важната улога на нуклеарното оружје за одвраќање. Иако се работи за рутинска вежба за обука, маневрите ќе помогнат да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нуклеарното одвраќање, рече тој.
НАТО не објави никакви детали за вежбата и сценариото што го вклучува.