Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека не гледа „никаков знак дека Владимир Путин се подготвува за мир“.
– Она што го гледаме е дека Путин и Русија сè уште сакаат да ја контролираат Украина. Гледаме дека испраќаат повеќе повеќе војници, повеќе оружје – истакна Столтенберг.
Украина се подготвува за нова голема руска офанзива и наведува дека и се потребни модерни борбени авиони и ракети со долг дострел за да ја одбие.
Столтенберг денеска изјави дека министрите за одбрана на членките на НАТО ќе разговараат дали да испратат авиони во Украина за време на дводневниот состанок во Брисел оваа недела.
Тој додаде дека во случај на испраќање авиони во Украина, „НАТО нема да стане дел од конфликтот“.