НАТО е соучесник во злосторствата на режимот во Киев, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, во коментар за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека алијансата го зголемува производството на опрема и муниција од советски тип за потребите на Украина.
– НАТО е соучесник во злосторствата на режимот во Киев – напиша Захарова на својот канал на „Телеграм“ коментирајќи ги зборовите на Столтенберг.