Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел го убил лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала, и дека, како што изјави, „тој и неговиот народ биле креаторите на планот за уништување на Израел“.
„Државата Израел вчера го уби главниот убиец Хасан Насрала. Ги израмнивме сметките со одговорните за убиството на голем број Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи“, рече Нетанјаху во изјавата, пренесе Скај њуз.
Тој истакна дека, како што кажа, отстранувањето на Насрала било неопходно за да се постигне целта – безбедно враќање на жителите од северот на Израел во своите домови и промена на рамнотежата на силите во регионот.
Нетанјаху исто така рече дека убиството на Насрала ќе влијае на враќањето на заложниците кои ги држи милитантната група Хамас, но предупреди и дека „во наредните денови Израел ќе се соочи со значителни предизвици“.