explosion in Iran
Фото: ЕПА

Израелската војска соопшти дека нападнала шест аеродроми во западен, источен и централен Иран, уништувајќи 15 авиони и хеликоптери како дел од нејзините „напори за продлабочување на воздушната супериорност на иранското небо“.

– Нападите оштетија писти, подземни бункери, авион за полнење гориво и авиони Ф-14, Ф-5 и АХ-1 што му припаѓаат на иранскиот режим – соопшти израелската војска – пренесе „Ен-би-си Њуз“.

Во соопштението се додава дека нападот ја нарушил можноста за полетување од овие аеродроми и работењето на иранските воздухопловни сили од нив.