Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, пренесе МИА
– Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови – вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
– Сепак, ова се болни денови – вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
Тој на ранетите им посака брзо опоравување.
– Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите- рече тој.































