Фото: Пиксабеј

Двајца пешаци вчера биле нападнати со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегнал на повредите, а другиот се здобил со тешки повреди, соопшти полицијата – пренесе ДПА.

Според локалните власти, осомничениот за нападот бил уапсен кратко време по инцидентот.

Мотивот за нападот засега не е познат, а полицијата најави дека во текот на денешниот ден ќе објави повеќе информации за жртвите и за осомничениот.

Портпаролката на полицијата во Линц изјави за ДПА дека истрагата ги разгледува сите можни аспекти на случајот.

Во меѓувреме, австрискиот весник Kronen Zeitung објави непотврдени информации дека напаѓачот извикувал навреди насочени кон муслиманите. Според сведок, тој извесно време стоел на средината од улицата и привремено го блокирал сообраќајот.