Фото: ЕПА

Три лица се убиени ноќеска откако маж, а повеќе се повредени откако маж нападна случајни минувачи на градскиот фестивал во германскиот град Солинген, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Нападот се случи вчеравечер, на прославата на 650-годишнината од градот. Според полицијата, петмина од осумте повредени имаат потешки повреди.

Полицијата замоли за помош од населението, односно информации кои би можеле да помогнат за идентификација и фаќање на сторителот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на покраината изјави дека напаѓачот успеал да побегне во метежот и паниката што се проширила.

Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вист изрази ужасеност од нападот.
„Цела Северна Рајна-Вестфалија стои на страната на луѓето во Солинген, особено на страната на жртвите и нивните семејства“, напиша тој на платформата X.

Германската полиција денеска продолжи со потрагата по лицето одговорно за нападот со нож.

Напаѓачот се уште е во бегство, соопшти деенска полицијата, а потрагата продолжува. Специјалните единици трагаа по напаѓачот во градот.

Полицијата ги предупреди жителите кои забележуваат се што е сомнително да не дејствуваат самоиницијативно, туку да се јават на полицискиот број за итни случаи.

-Во моментов немаме индиции за тоа каде се наоѓа- изјави портпаролот на полицијата. Нема ниту опис на осомничениот.

Според полицијата, напаѓачот нападнал случајни минувачи, избирајќи ги своите жртви по случаен избор.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер изјави дека е „исклучително вознемирена“ од „бруталниот напад“ синоќа во Солинген.

„Безбедносните служби прават се што е во нивна моќ да го уапсат сторителот и истражуваат што довело до нападот“, напиша Фезер утринава на социјалната мрежа Х.

Нападот бил извршен во центарот на градот каде што била поставена сцена за музика во живо за настанот Фестивал на различностите. Злосторството се случило непосредно пред бината, јави ДПА.