Во руски ракетен напад денеска беше погоден преполн трговски центар во централниот украински град Кременчук, при што загинаа најмалку две лица, а 20 беа ранети, соопштија високи претставници на украински власти, објави Ројтерс. Според снимките кои ги објави украинскиот претседател Володомир Зеленски, нападот предизвикал голем пожар, а над трговскиот центар се крева темен чад.
Агенцијата Ројтерс објави дека нејзиниот репортер видел јагленисана „лушпа“ од трговски комплекс чиј покрив бил пропаднат, а пожарникари и војници ги тргале металните делови во потрага по преживеани.
„Не знаеме колку луѓе би можеле да се под урнатините“, рече началникот на регионалната служба за спасување на телевизија.
Зеленски рече дека повеќе од 1.000 луѓе биле во трговскиот центар за време на нападот. Тој не даде детали за жртвите, но рече: „Невозможно е ни да се замисли нивниот број“.