Фото: ЕПА

Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари кои го зафатија округот Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес.

Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови зафатени од пожарите.

Шумските пожари во овој округ зафатија и голем дел од предградијата и елитните населби во Лос Анџелес, при што изгореа над 5.000 куќи, комерцијални објекти и возила. Пожарот се прошири и во Холивуд, јавија американските медиуми.

Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“, економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес до сега изнесуваат речиси 50 милијарди долари.