Најмалку десет лица го загубија животот, а 89 се водат како исчезнати во свлечиште во покраината Западна Јава во Индонезија – соопшти денеска Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи.
Портпаролот на агенцијата, Абдул Мухари изјави дека свлечиштето е предизвикано во регионот Западен Бандунг во покраината Западна Јава во Индонезија по обилните дождови.
Мухари најави дека денеска ќе биде интензивирана операцијата за пребарување и спасување.
































