Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на воениот конфликт загинале најмалку 79 деца.
Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.
Во повеќе украински градови утрово имаше експлозии, на кои им претходеа сирените за тревога. Експлозии имаше во градовите Николајев, Кроповнички и Дњепар.