Најмалку 76 лица, меѓу кои и деца, загинаа во западен Авганистан кога патнички автобус што превезувал репатрирани мигранти од Иран се судри со камион и мотоцикл, јавија државните медиуми.
По силниот удар, автобусот се запалил.
Несреќата се случила доцна синоќа на автопатот Херат–Ислам Кала во провинцијата Херат.
Локалните привремени талибански власти потврдија дека загинале 76 патници, а тројца повредени се пренесени во локални болници.
Според Ахмадула Мутаки, привремен директор за информации и култура на провинцијата, автобусот тргнал од Иран и од граничното подрачје Ислам Кала во Херат продолжил кон Кабул, главниот град.