Бројот на загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар се искачи на 66 – соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Уште 51 лице е повредено – изјави Јерликаја во провинцијата Болу каде се наоѓа хотелот, на околу 300 километри источно од Истанбул.
– Многу ни е жал – рече министерот, пренесе ДПА.
Во хотелот во популарниот ски-центар Карталкаја, каде во текот на ноќта избувнал пожарот, престојувале вкупно 238 гости.
Пожарот сега е ставен под контрола, а итните служби на лице место продолжуваат со „ладење“, рече министерот.
Хотелот е изграден на рид, што го отежнува гаснењето на пожарот од сите страни, додаде Јерликаја.
Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на предупредување од локалната полиција, претходно јави дека постои опасност хотелот да се урне во секој момент.
Локалните власти не го коментираа предупредувањето.