Фото: Илустрација/Принтскрин - Јутуб

Најмалку 60 луѓе се убиени во источно Конго во неколку напади извршени од локалниот огранок на Исламската држава, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на властите.

Нападите се случиле во регионот Бени во провинцијата Нор Киву.

Извор од Црвениот крст во Киншаса рече дека „околу 60 тела се собрани, додека другите се на терен во области кои сѐ уште не се безбедни“.

Исламска држава соопшти дека биле убиени повеќе од 60 „христијани“. Исламистите објавија и шокантни видеа и фотографии од тела на врзани жртви кои пливаат по реката Лулуа во регионот Бени.