Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави снимка од спасувачката акција на цивилите од трговскиот центар во Кременчук, што денеска беше ракетиран од руските сили, при што загинаа најмалку 10 луѓе, а 40 се повредени.
– Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар што Русите денеска го нападнаа со крстосувачки ракети. Погледнете што остана од него, истакнува Герашенко во видеото.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека трговскиот центар бил погоден од два ракети со долг дострел X-22 истрелани од бомбардер Ту-22М3 кој полетал од пистата Шајковка во руската област Калуга.
Another act of the russian genocide of the Ukrainian people. This time the ruscists targeted a mall in #Kremenchuk, in the afternoon when it is always especially crowded. The war criminals wanted to kill the civilians, deliberately aiming for the maximum number of casualties. pic.twitter.com/3PbCnjc7PU
— Defence of Ukraine (@DefenceU) June 27, 2022