фото: ЕПА / Илустрација

Најмалку десет лица го загубија животот во поплави и лизгање на земјиштето што ги погодија ридските села на индонезискиот остров Јава, соопштија денеска официјални претставници.

Две лица сѐ уште се водат како исчезнати, пренесува агенциите.

Обилните дождови изминатата недела предизвикаа излевање на реките од нивните корита, зафаќајќи повеќе од 170 села во областа Сукабуми во провинцијата Западна Јава, додека кал, камења и дрвја се излизгаа во планинските села, изјави полициски претставник што ја води спасувачката операција.