Најголемиот дилер на дрога во Колумбија, Даиро Антонио Усуга „Отониел“ е екстрадиран во САД, соопшти во раните утрински часови колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез.
Претседателот ја сподели веста за „најопасниот дилер, убиец, злоставувач на момчиња, девојчиња и на адолесценти“ на својот Твитер-профил.
Најбараниот колумбиски дилер на дрога беше уапсен на 23 октомври мината година. Педесетгодишниот Отониел, главен на „Голф кланот“ (Clan del Golfo), беше уапсен по десетгодишна потрага.