Властите во Франција тврдат дека алгоритамските надзорни камери се неопходни за да се осигури безбедноста на милионите туристи што се очекува да го посетат Париз

Поборниците за вештачка интелигенција (ВИ) тврдат дека овие олимписки игри досега ќе бидат врвот на обезбедувањето и сигурноста на учесниците и посетителите, како и на спортската и друга инфраструктура… Поборниците на спротивниот став, односно на приватноста, тврдат дека „ваквата безбедносна структура би можела да прерасне во трајна употреба“…

„За“ и „против“ новите сигурносни системи и нивната примена наредната година за време на најголемиот глобален спортски спектакл

Францускиот систем на камери за надзор со вештачка интелигенција (ВИ) за Летните олимписки игри 2024 во Париз ја надмина и последната легислативна пречка. Подготвувајќи се за спортскиот меганастан што ќе се одржи идното лето, владата во Франција сака да експериментира со големи системи за снимање во живо, поддржани од алгоритам за воочување сомнително однесување, вклучувајќи и на ненадгледуван багаж, како и за активација на предупредувачки аларми во ситуации на движење на толпи во форма на стампедо. По повеќе од седумчасовна жешка дебата, француските парламентарци го изгласаа контроверзниот предлог-закон. Текстот на законот сè уште може да биде оспорен пред највисокиот уставен суд во земјата.
Неодамна група од четириесетина европски пратеници, главно левичари, побара од своите француски колеги да гласаат против овој предлог-закон. Во своето официјално писмо тие предупредија дека „Франција ќе направи надзорен преседан каков што не е виден досега во Европа, користејќи ги Летните олимписки игри во Париз во 2024 година како изговор“.

Загриженост за нарушување на приватноста

Во изминатите неколку месеци овој план наиде на интензивен отпор и од страна на невладините организации што се залагаат за дигитални права, вклучувајќи и од француската „Ла квадратур ду нет“, како и од меѓународните групации како „Амнести интернешенел“ и „Аксес нау“. Покрај загриженоста во однос на нарушувањето на приватноста, тие укажаа и на можниот конфликт со Законот за вештачка интелигенција на Европската Унија (ЕУ), кој во моментов е предмет на дискусија во Брисел и би можел да го ограничи биометрискиот надзор. Властите во Франција тврдат дека алгоритамските надзорни камери се неопходни за да се осигури безбедноста на милионите туристи што се очекува да го посетат Париз идното лето.

Спротивставени мислења во францускиот парламент

За време на парламентарните дебати во Франција, пратениците од партијата на Емануел Макрон тврдеа дека камерите со вештачка интелигенција ќе можеа да го спречат терористичкиот напад во Ница во 2016 година, така што ќе го воочеа камионот пред тој да успее да влета врз толпата народ. Тие исто така истакнаа дека ваквите камери ќе помогнеа да се избегне безбедносното фијаско за време на ланското финале во фудбалската Лига на шампиони.
Од друга страна, опозициските левичарски пратеници одговорија дека масовниот надзор со помош на вештачка интелигенција е без преседан во демократските општества, како и дека опасно ги загрозува граѓанските слободи. Наедно, тие изразија стравување дека мерките што се наведуваат како привремени, всушност, би можеле да станат трајни. Според нив, историјата покажала дека Олимписките игри во држави како Кина биле искористени за тестирање инвазивна безбедносна инфраструктура, која по Олимпијадата никогаш не била отстранета од функција.
Сепак, во земјата што во моментов е позагрижена за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, на опозициските пратеници не им успеа да соберат доволно голема поддршка против овој закон, па дури ни да предизвикаат поголем интерес кај јавноста.


Во Монако се продава најскапиот квадратен метар за недвижен имот во светот

Оние што без проблем можат да одвојат милион долари од својот џеб и сакаат да купат луксузен недвижен имот имаат можност да го разгледаат инфографикот што користи податоци од „Најт Френк“ и дава идеја каде во светот може да се добијат најмногу квадратни метри за таа сума. За оние што располагаат со доволно средства да инвестираат во луксузен имот едно од првите размислувања, веројатно, ќе биде каде да се купи имот. Локацијата е сè, но, како што покажува инфографикот, може да има огромен ефект врз тоа колку простор може да си дозволи купувачот.
Тие што се решени да се преселат во Монако, веројатно, ќе мора да направат некои отстапки. За еден милион долари можат да купат само 17 квадратни метри. Попространи опции би биле добиле во Мумбај, 113 квадратни метри, во Кејп Таун, 218 квадратни метри, или навистина пространи, 231 квадратен метар, во Сао Паоло.

Каде се продава најскапиот луксузен недвижен имот

Градови каде што може да се купи врвен имот за еден милион долари