Илустрација / Фото: Пекселс

За еден месец, над 900 Сиријци или ги повлекоа барањата за азил или го отповикаа статусот за меѓународна заштита со цел да се вратат во нивната татковина, а околу 300 Сиријци веќе си заминаа од Кипар, информираше преку платформата Икс заменик-министерот за миграција и меѓународна заштита на Република Кипар Николас Јоанидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоанидис посочи дека вработените во надлежното Министерство продолжуваат интензивно да работат за да им олеснат на оние сириски државјани кои сакаат да се вратат во Сирија.

На почетокот на декември, како што тогаш објави МИА, бегалци од Сирија кои се во Република Кипар, преку писмо испратено до Министерство за миграција побараа доброволна репатријација и повлекувањата на барањата за азил.