Фото: ЕПА / Илустрации

Повеќе од 1.500 луѓе загинале во Иран од почетокот на воениот конфликт со САД и Израел пред три недели, објави иранската државна телевизија, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство.

Според истите информации, над 200 од жртвите се малолетници, додека повеќе од 21.000 лица се повредени. Дополнително, евакуирани се околу 220 медицински установи, а 21 здравствен работник го загубил животот во текот на конфликтот.

Овие податоци доаѓаат во момент кога израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека Израел и САД ќе ги засилат нападите врз Иран во наредните денови.