Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина треба да се приклучи на ЕУ што е можно поскоро и дека процесот „не смее да трае со години“.
– Денеска потпишуваме заедничка изјава, која е сигнал за единството на сите гранки на власта и доказ за нашата одлучност да ја постигнеме стратешката цел на Украина – полноправно членство во Европската Унија. Потпишувањето на оваа изјава треба да значи исто што и потпишувањето на апликацијата за влез на петтиот ден од војната. Ни требаа 115 дена да стигнеме до кандидатурата. Патот до членството не треба да трае со години, децении. Мораме брзо да го надминеме тој пат. Во која мера е тоа можно зависи од нас. Мораме совршено да го направиме својот дел за да им овозможиме на нашите пријатели во Европската Унија да донесат уште една историска одлука за нас исто толку брзо, на консолидиран начин – напиша Зеленски во Телеграм.
„Скај Њуз“ наведува дека процесот на прием во членство во Унијата вобичаено трае со години, бидејќи земјите мора да исполнат одредени економски и политички критериуми.