Моторот на јапонска вселенска ракета експлодирал денеска за време на тестирањето, но никој не е повреден, соопшти претставник на јапонското Министерство за образование, наука и технологија.
Експлозијата на моторот Epsilon S на полигонот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување (JAXA) е најновата во низата неуспеси што ги намалија вселенските амбиции на Јапонија.
Официјалниот претставник за Ројтерс изјави дека експлозијата се случила околу една минута по тестирањето на моторот од втората фаза.
Телевизиските снимки покажаа дека пламенот еруптира од страната на лабораторијата за тестирање пред да ја зафати малата зграда и да го разнесе покривот.