Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има докази дека вооружените сили на Украина користеле муниција од бел фосфор во септември.
Таа изјави дека руските агенции за спроведување на законот, заедно со Министерството за одбрана, прибавиле докази за повторна употреба на муниција со бел фосфор, која била исфрлена од беспилотни летала и дека сите инволвирани ќе одговараат – пренесе РИА Новости.
Според нејзините зборови, овој факт укажува на тоа дека Украина поседува хемиско оружје кое не се чува во согласност со меѓународните прописи, како и можноста за синтетизирање на високотоксични материи што содржат фосфор.
– Запалива муниција исполнета со бел фосфор што ја користат Украинците е неселективно оружје и е забранета со Протоколот 3 од Женевската конвенција. Овие злосторства и инволвираните во нив неизбежно ќе бидат казнети – рече Захарова.