Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова / Фото: ЕПА

Според официјален Кремљ, меморандумот „ќе ги дефинира принципите на евентуално решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуален прекин на огнот“. Според истите извори, „работата на рускиот нацрт сè уште е во тек и документот многу скоро ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов“

Во тек е изработка на нацрт-меморандум за мировен договор

По неодамнешниот телефонски разговор на двајцата претседатели, американскиот Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин, официјален Кремљ брзо лиферува официјално соопштение дека „Русија е подготвена да соработува со Украина врз основа на меморандум за иден мировен договор, што во соработка со другите засегнати страни Москва би го изготвила“.
Оттогаш, па досега, според руски извори од руското Министерство за надворешни работи, Москва интензивно работи на „нацрт-меморандум со принципи за евентуален мировен договор“ и за прекин на војната во Украина.

Принципи, временска рамка и детали

Според официјален Кремљ, меморандумот „ќе ги дефинира принципите на евентуално решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуален прекин на огнот“.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека работата на рускиот нацрт сè уште е во тек и дека документот многу скоро ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.
– Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, кој дефинира голем број позиции, како што се принципите на решавање, времето на евентуален мировен договор и евентуално привремено примирје доколку се постигнат соодветни договори – рече таа. Р.С.