Фото: ЕПА

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател.

„Слушнав дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав пријатели кои се поврзани со него и ми рекоа дека, фала му на Бога, е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на Телеграм.

Иранската државна телевизија го опиша Хамнеи како „ранет ветеран од рамазанската војна“, без да прецизира какви повреди претрпел, пренесува „Гардијан“. Моџтаба Хамнеи не се појавува во јавноста откако пред три дена го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, на функцијата врховен лидер. „Њујорк тајмс“ објави дека тој бил ранет на првиот ден од американските и израелските напади врз Иран, повикувајќи се на ирански и израелски функционери кои сакале да останат анонимни.