Претседателот на Мјанмар, Мајнт Све, кој директно е контролиран од воената хунта, изјави дека земјата е во опасност од распад поради неефикасниот одговор на неодамнешното насилство во регионите што граничат со Кина.
Воената хунта во Мјанмар се соочува со најголемиот предизвик од доаѓањето на власт со државниот удар од 1 февруари 2021 година.
Етничките милиции и револуционерните групи нападнаа стотици бази на хунтата на север, североисток, северозапад и југоисток од земјата.
– Доколку владата ефикасно не управува со инцидентите што се случуваат во пограничниот регион, земјата ќе биде поделена на различни делови – рече претседателот на Советот на државната администрација, Мајнт Све, на состанокот на Националниот совет за одбрана и безбедност.
– Ова прашање треба внимателно да се контролира – додаде тој.