Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет, го повика Пекинг да ја преиспита својата антитерористичка политика за да се осигура дека е во согласност со меѓународните стандарди за човекови права.
Сепак, таа повтори дека нејзиното шестдневно патување, кое заврши денеска, а во кое беше вклучена и посета на западниот регион Синџијанг, не беше истрага за кинеската политика за човекови права, туку можност да разговара со кинеската влада.
Бачелет го започна своето патување во Кина, прво од страна на еден висок комесар за човекови права на ОН во последните 17 години, во понеделникот во јужниот град Гуангжу, пред да се упати кон Синџијанг.
-Покренав прашања и загриженост во врска со широката употреба на мерки за борба против тероризмот и дерадикализација, особено влијанието врз правата на Ујгурите и другите претежно муслимански малцинства -рече таа на брифингот
Бачелет рече дека и укажала на кинеската влада на недостаток на независен судски надзор над работата на центрите и наводи за употреба на сила, злоупотреба и строги ограничувања поврзани со религијата.
За време на брифингот таа го оцени како многу загрижувачки притворот на активисти, адвокати и новинари во Хонг Конг.