Сушите зад себе оставија околу 13 милиони луѓе во опасност од недостиг од храна на Рогот на Африка, според Програмата за светска храна на ООН
Луѓето што живеат во овој регион на Африка, вклучувајќи ги Сомалија, Етиопија и Кенија, се соочуваат со најсушниот период забележан од 1981 година, како што неодамна соопшти агенцијата за храна на ООН и побара итно да се обезбеди помош за да се спречи голема хуманитарна криза. Од Програмата за светска храна на ООН велат дека се потребни 327 милиони долари, за да се одговори на итните потреби на 4,5 милиони луѓе во текот на наредните шест месеци и да им се помогне на заедниците да се изборат со екстремните климатски шокови.