Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, што била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава.
Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.
– Способноста што оваа криминална организација ја покажа, во однос на обемот и големината, е огромна. Овие бројки се неверојатни – наведоа од полицијата на Нов Јужен Велс.