Германскиот канцелар Фридрих Мерц / Фото: ЕПА

Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.

– Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир – рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф.

Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија.

Мерц потсети дека неодамна ја поддржа одлуката на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на воената поддршка за Украина, нагласувајќи дека ова може да обезбеди помош за период од три до пет години.

– Во тој период, економски може да стане невозможно за Русија да ја продолжи војната – истакна германскиот канцелар.