Фото: Џорџија Мелони/инстаграм

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија, кој вклучува, меѓу другото, царина од 15 отсто за увозот од ЕУ, објавија италијанските медиуми.

Го поздравувам фактот дека е постигнат договор, изјави Мелони за новинарите во Адис Абеба, каде што присуствува на Самитот на ОН за синџирот на исхрана.

– Секогаш верував и продолжувам да верувам дека влошувањето на трговските односи меѓу Европа и САД би имало непредвидливи и потенцијално катастрофални последици. Ќе мора да работиме повеќе на договорот бидејќи она што беше потпишано вчера е во принцип и правно необврзувачко. Сè уште има борба. На пример, треба да провериме кои се можните исклучоци, особено за некои земјоделски производи. Недостасуваат голем број елементи и не знам за што зборуваме кога зборуваме за инвестиции, трговија со гас итн. Нема да дадам проценка додека немам јасни податоци – заклучи италијанската премиерка.