фото: ЕПА

Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред денешната инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, како 47-ми претседател на САД.

Таа синоќа на платформата X објави дека инвеститорите сега можат да ја купат нејзината монета „$MELANIA“.

Токенот се тргуваше по 11,16 долари денеска околу 11 часот по лондонско време, што е зголемување за повеќе од 50 отсто, според „Коин маркет кап“  (CoinMarketCap), најкористениот сервис за информации за криптовалути.